...Си идам ја така од факс пешки по „Партизанска“, викам ај до „Соборна“ да фатам превоз за надома, и целиот така занесен у музиката што ја слушав и чат-пат некои мисли што ми провејуваа низ глава, махинално здогледуем некаков натпис „TETOV“ и си влагам ја у аутово, така ноншалантно, непрашувајќи што-како, залуден со музиката, седнувам, си гледам низ прозор и кулирам. Седнува тип напред и, вози Мишко... Стигнавме негде на прва патарина, онаа Глумово ли се викаше, не знам, ко ликов што вози, гледам се залепуе до едно скапано комбенце, тоа проаѓа, тој доаѓа на ред, подзастанува, му дига рука на тој заќорениот-у-броење-пари-тип-што-работи-на-наплата и си продужуе исто као ништо да не било. Аи анасана, у тој момент се освестив. Си викам кј е сеа Груевски бе, или онаа со змискине очи, Јанкуловска, или тој Јанаќиевски, Миле, шефот на транспорт и врски? Ау, како се испиздив. Па добро, зар другиве се НЕНОРМАЛНИ бе што плаќаат патарина? Бре, у што сум ја тоа влегол, море пусти ајване? А ликов што го вози аутово, мргуд, темен, албанец. Ни збори-ни го'ори, што би рекле стариве. Фраер, и тоа голем. Браво, браво... Си вози, а ја и даље гледам низ прозор и не обраќам некоја посебна пажња на испиздувањето што ми проструи низ глава пред некое време. Стигнуеме за некои дваесеттина минути и на другава наплатна, Желино, и оп! Иста прича. Викам није могуќе. Ликов е власт! Кај вози без прописни дозволи за транспорт на луѓе, кај пичи 140 по автопат кај што се вози 120, не шљиви жива сила, ја нема фискалната на тој, како се викаше, па и на две путарини не плаќа! Аферим, аферим. Проаѓајќи ја путарината, пак почнав сериозно да размишљам. Си викам, море мора некој да стои позади ова, не може овие вака да се понашаат. И за малку ќе помислев дека постои некој „бос“ од страна, некој велик чуек, на кој што овие му даваат арач месечно, за тоа што шибаат така. Ама, ако помислив така, неосновано, без да знам точно и веродостојно, е кој е тој човек, де? Ма си викам, ова е Македонија, овде и невозможното е возможно. Заеби ти Пелистерски и змиски очи.
Стигнавме у Тетово.
Слегов, си платив 120 денари и целиот у прашалници си заврвив полека по пато', а у меѓувреме, видов уште десеттина исти/слични возила и комби паркирани над Монопол. Одлично.
Се надевам дека некој, некогаш ќе ми ја разреши оваа дилема што ми се начини денес.
Па пак се запрашувам, постои ли Полиција? Постои ли инспекција? Или све е калакурница?
Уфф... Изгледа дека е.
(текстов нема намера никого да навреди на верска или на било каква друга основа, сем ако тие таквите не се пронајдат затечени у него, вршејќи си работи преку кои си го гледаат опстанокот у нашава ни државичка.)