Friday, April 4, 2014

Господа пешаци. Верзија ТЕ-МК.

Одамна неам врцнато ништо на блогов, па денес добив онака доволна инспирација, мада пак хендикепирана од мрза за пишување, аааама не можам, ова морам да го искажам, појако е од мене.
...Да почнам со една реченица за Тетово, кој, како град (убав беше порано, сеа ептен се као изурбанизира па не се знае кој јаде, кој пие - а кој плаќа), и луѓето во него како учесници во сообраќајот, пролетери на градската сообраќајна култура;
Оние возачите, од скутер па до автобус, ќе ги остаам на раат, тие се посебна бранша која џабе да ја отсликуеш каква е, ко е сувишно.
Да се навратам конкретно на другите учесници у сообраќајот, речи директни/индиректни - сеедно, господата пешаците.
Уште поконкретно на тинејџерите, младинците, па и тие што се со околу касно созревање.
Нивните од дома знаат дека тие одат во училишта, дали основни, средни, па и не е толку битно, фазон негде ги праќаат.
Е сега, навистина не знам каков е нашиот образовен систем и дали вооошто во училиштето се учи за некоја основна сообраќајна култура, ама ова брате не се трпи.
Ние по ОТП (Ташко, Бог да го прости со стапче не млатеше ако не бевме прецизни и точни у испрашувањата), барем научивме нешто...
Не дека возачите низ Тетово, кои ги има од-уздуж-и-попреку Европа се навистина учени возачи, ама и пешаците многу иритираат.
Тоа бре да не се знае кај се проаѓа улица.
КО ЗАЛИВАДЕНИ!
Ко да го освоиле Тетово... Уште партизанска штафета им фали и ајде-бирррр...
На мене јасно ми е дека уште многу одамна шема беше наместо у школо да се иде по кафиќите на макиато, ама мора малку и на некоја елементарна култура да се мисли. Луѓе сме...
Јеботе, дај кога веќе се виси толку по кафиќите, а у училиштата дали не ги учат или таму не им се учи сообраќајна култура, барем тие газдите да земат на телевизорите место остали дрнци курци-палци, да им пуштаат така некои едукативни содржини поврзани со сообраќајот, каде би можело да им влезе нешто у глава, ваљда посконцентрирани се кога седат на маса со макиато, место со тетратки и на клупа.
Нели е добар пример за почеток?
Страшно...
Па се прашуеш:
Дали е до свеста на луѓето?
Дали е до образовниот систем?
Дали е до структурата и прекукур на самата градска власт?
21 век е...
Не за друго - лошо и некултурно изгледа, ко башибузук, се случуваат и немили настани, несреќи, с'краја да е - жртви...
Навистина, нешто мора да се смени, од негде мора да се почне, абе и 20 години нека поминат ако треба, ама мора да се научи елементарна сообраќајна култура.

Толку.

А секоја чест на тие обратните од овие опишаниве.