Friday, March 23, 2012

Што е поентата на Љубењето?

Својот фокус ќе го насочам кон Љубовта. Баталив тоа дневно-политички и остали-срања. They're all useless.
Пред се, ќе поставам три основни прашања;
- Што е љубов?
- Што сакаме да проживееме со љубењето некого?
За крај,
- Која е поентата на сето тоа?
И нормално, знам дека ги немам одговорите на овие прашања.
Можеби ќе ви изгледа целиов текст чудно и реторички, но, и јас самиот се трудам да сфатам (ако можам), или барем малку си разјаснам на себе си што значи сето ова.
Се трудам да откријам што значи некому да му го дадеш срцето и се' да биде убаво и пријатно и интересно и прекрасно во одреден период од животот, а после тоа, милион работи да прават проблем?
Првенствено индиферентноста.
Дали љубиме парцијално? Дали љубиме само кога не понесува потребата за љубење? Дали љубиме само кога во моментот тоа ни е потребно, а после тоа „се враќаме во реалноста“? А уствари, која е таа „реалност“? Онаа што како фикција сме ја замислиле или таа која што ни одговара да си ја форсираме?
Пак не знам.

Наеднаш, од секое можно поле излегуваат препреки, опструкции, неволји. Наеднаш се губи желбата за спојување, уживање.
Зошто е тоа така?
Дали животот е премногу црн и поради тоа сите работи во сегашноста и иднината изгледаат само црно? Зошто тогаш се впуштаме во нешто убаво, а потоа го замислуваме и ни изгледа само како црно и неизводливо?
Зошто?
Зошто во животот бараме љубов, нега, грижа, хармонија, среќа, радост? Зарем тоа не е поради фактот дека постои и некаква светлина, сем замислените црнила?
Ако ја нема љубовта, тоа значи дека животот е поубав, или обратно?
А нормално, секој, па дури и мало дете знае дека не се живее само од љубов, постојат многу други битни работи за човечкиот опстанок, но, зарем не започнува се' со неа? Не е ли таа тој предзнак за здрав, нормален и хармоничен живот? Толку ли е тешко да прифатиш искрено и со чисто срце нечија љубов, без притоа да те опструира прашањето за иднината? Зарем тешко ли е со љубов и желба за поинаков и поубав живот да се бориш понатаму?
На жалост, за некои прашања едноставно не постојат комплетни и јасно дефинирани одговори. Се извинувам на патетиката, ако ја створив додека го читавте текстов.
Најверојатно, секој сето ова си го сфаќа индивидуално...


No comments:

Post a Comment